LJUBOVNI PISMA

Детето со наубавите очи

Погледниме пронајди се во редовиве, пронајди се низ странициве. За тебе се пишувани, пишувани од таа за која што рече дека не знае ништо за љубовта и за чувствата. Колку ли само ме повредија твоите зборови, но ги закопав, солзите течеа, но ги избришав. Виновна бев, признавам, во право беше знам, грешката ја направив и неможам да ја променам. Ова е мојот начин на кој ти кажувам дека се каам, ова е мојот начин на кој ти кажувам дека те сакав. Детето со најубавите очи... така те нарекувам за да неморам да ги пишувам 4-те букви од твоето име низ овие редови. За тебе пишува твоето гулапче така ме нарече... се сеќаваш? За тебе пишува твоето ангелче, пишува со малите рачиња кои ти толку нежно ги милуваше. Те сакам убафко сваќаш нели? Пишувам зашто немам храброст во очи да те погледнам, зашто знам дека чувствата твои беа искрени прости ми... Една далечна ноќ под ѕвездите ме запраша „како ме засака“ не ти одговорив, а те сакам убафко и ова е доказ!



Секогаш ќе те чекам
Навистина ТЕ САКАМ знам дека некогаш ќе престанам!!! Кога... и јас сама незнам! Но се надевам дека некогаш ќе дознаеш колку мојата љубов е чиста, мила, нежна, исполнета со убави спокојни мисли... се надевам дека некогаш може ќе се запрашаш ”Зошто беше тоа така? Зошто таа приказна заврши без да дознаам што се случувало навистина? Прашај се: ”Дали имаше некој што повеќе беше сакан од мене овие 2 год?” ... Зошто? Дали вредеше ти толку за јас да се измачувам и да неможам да погледнам никој повеќе плашејќи се дека сите се како тебе... ти беше СОВРШЕНСТВО без граници беше се што сакав, но во исто време нешто што неможев да го имам, што неможев да го чувствувам така блиску како што посакував... во моментите на блискост те чувствував толку многу далеку и сепак ми беше недостижен... зошто и тоа незнам... уште се прашувам КОЈА Е ТАА СИЛА ШТО МЕ ПОДИГА, МЕ ВРАЌА ВО ЖИВОТ, МЕ ВРАЌА ВО БИТКАТА ПОКРАЈ СИТЕ ПОРАЗИ... која е? Ако дознаеш кажи ми, знаеш дека СЕКОГАШ СУМ ТЕ ЧЕКАЛА И СЕКОГАШ ЌЕ ТЕ ЧЕКАМ!!!
****ТЕ САКАМ****

Слепа љубов
Се сеќавам, го засакав и пред да го запознаам, не знаев ни како изгледа, а секоја порака од него ме тераше да мислам само на него. На некои им е чудно тоа и често поставуваат прашанја во вид ”како можеш да го сакаш кога никогаш не си била со него”... јас не ни го познавав, а го сакав - чувтвував дека го сакав!!! Комуницирањето преку пораки, праќањето бакнежи ”прегратки”... ме натера да се заљубам во него! Мислев дека го познавам цел живот, ме плашеше самата помисла дека ќе го изгубам - апсурдно! А знаев дека го немам! Како може да ти биде страв да не изгубиш некој, а знаеш  дека всушност го немаш? Чудно... лето како лето... Го запознав на многу чуден и интересен начин. Двајцата од исти град, а никогаш претходно не сме се виделе. Дојде на местото каде што бев за да се одморам иако беше далечно, едноставно таа нестрпливост го натера да ме побара... му ја зголеми желбата... се запознавме на многу чуден начин... без ниту еден збор... се бакнавме... и се прегрнавме... како да сме биле заедно во минатиот живот... поминавме прекрасен викенд. Кога си замина, веќе не сакав ни да се забавувам без него, ни да одам на плажа, едноставно сакав да бидам блиску до освојувачот на моето срце и се вратив во нашиот град. Секој ден се повеќе и повеќе го засакував... а тоа никогаш претходно не ми се случило... Го обожавав... мене не ме интересираше тоа ”кој е... и што е и што има...” ме интересираше САМО ТОЈ... неговата внатрешност... и да... имавме прекрасна врска! ДА, тој беше човекот кој ме извлече буквално од најдлабоката провалија од каде тешко се излегува, да тој беше човекот кој ми ја врати желбата за живот... тоа беше личноста која што ме натера да гледам позитивно во животот... и да се надевам! Но, зошто воопшто го правеше сето тоа? Зошто се грижеше за мене кога на крај ја уништи кристалната кула која што сам ја градеше!? Зошто цело време на себе носеше маска и одлично глумеше? Сигурна сум дека немаше причина за да ме повреди... а го направи тоа! Зошто секогаш повредени се само оние што знаат да сакаат и што најмалку заслужуваат? Но, кога веќе еднаш ме згазил не сакам да ми подава рака за да станам! Нека се обиде да ја зачува онаа сериозна врска со онаа сериозна особа, можеби многу повредна и поубава од мене! Секој ден се учи по нешто ново... а јас овој пат научив дека НЕ ТРЕБА ПОВТОРНО ДА ЈА ЧИТАМ КНИГАТА НА КОЈА ШТО ВЕЌЕ И ГО ЗНАМ КРАЈОТ, НЕЛИ?


Сеуште си во моето срце
Во животот се случуваат работи за кои не сме свесни дека еден ден и нам можат да ни се случат. Сме слушале за безброј тажни љубовни приказни, потресни настани, напуштања, но некако сето тоа сме го заборавиле некаде длабоко во подсвеста.
Кога ќе го почувствуваме на своја кожа, тоа никоаш не избледува, стои на врвот...
Никогаш нема да го заборавам твоето ангелско лице.
Никогаш нема да ги заборавам лудите ноќи.
...Се сеќаваш ли како започнавме?
Тоа беше уште една жешка летна ноќ. Тоа беше летната дискотека. Тоа беше нашата прва средба.
Се сеќаваш ли на првото испраќање?
Или на бессоните ноќи кои ги поминавме заедно?
Не можам да го заборавам моментот кога утрото, во 5 часот побегна од дома само за да ме испратиш...
Да, добро паметам дека дојде по ноќница на автобуска. Луѓето те гледаа вчудоневидено. Но, не беше важно како изгледаше. За мене секогаш беше најубава.
Цел пат солзи го красеа моето лице... Но, тоа беше наше последно видување.
Те прашувам зошто? Каде си сега?
Ако некогаш го прочиташ ова писмо и се пронајдеш во истово, знај само дека ќе те сакам секогаш, каде и да си што и да правиш...


Саботна ноќ
Ноќе. Во кафичот се слуша музика, музика која опива. Наоколу премногу луѓе за мене непознати. Непознати очи, непознати фаци. За мене постои само еден поглед, само едно срце, само една вистина. Тоа си ти. Моите очи непрекинато трагаа во пригушеното светло, моите очи бараа лек за нив. Најпосле, најпосле потрагата заврши, заврши во едни црни очи, црн лик, црна коса... ми личеше на тебе! Ми личеше на оној со кој ги поминав моите најубави школски дни. Се занесов, се впуштив во твојата убавина, се оддалечив од своето ЈАС, и постоев само да те гледам. Најпосле во една судена точка ни се сретнаа погледите, мојот топол, твојот студен, студен кршејќи го хоризонтот, допирајќи го моето срце, распарчувајќи го.
Неможев да го гледам моето срце како сложувалка на илјадници делови, од кој еден дел е одлетан некаде далеку, дел од кој зависи целата смисла на сложувалката, дел од моето срце кое можеш да го составиш само ти, од тебе зависи моето вистинско постоење.
Неможев повеќе да издражам а да не заплачам, да не ги пролеам горчливите солзи. Ги ставив рацете на лицето, сакајќи да ги сокријам солзите, но знаејќи дека со тоа неможам да ја сокријам болката која ја носев на душата, дека со тоа неможам да го прикријам твојот маѓепсувачки заводувачки лик.
Се стрчав по скалите и се вратив дома. Се вратив со скршено срце, се вратив со непрекината желба повторно пак да те видам, се вратив да постојам за некогаш да можам да те допрам, како што некои тоа го направиле илјадници пати, се вратив да живеам до следниот викенд, се вратив да плачам, да заспијам со сеуште неполната месечина, заспијав за да те сонувам, те сонувам да те имам, зошто неможам да те имам во јаве, сакам да те имам зошто МИ ТРЕБАШ!


По цена на животот
Таа за прв пат беше вљубена. Го сакаше него како што не сакала никој до нејзината 15 година. Го сакасе повеке од самата себе, го љубесе со љубов што бесе ретка. Можеби грешеше, но секогаш велеше: ”Ке направам сè за него, ќе видите, без разлика колкава ќе биде цената на тоа!” Но, никоја од другарките или другарите не ја сваќаше сериозно. Таа својата тага и својата болка ги криеше длабоко во своето срце, во еден агол до љубовта што ја чувствуваше за него. А одвреме - навреме кога болката и беше неподнослива, умееше да ја ублажи со по некоја солза, а потоа сè се враќаше на старо. Беше јака девојка. Најмногу од сè ја мачесе тоа што тој никогаш не бил нејзин, а по сè изгледа ниту ќе биде. Имаше многу други паметни момчина што ги изгубиле главите по неа, но нејзиното срце му припагаше само нему. Никогаш не беше уморна, никогаш не и беше здодевно и со часови да ги глега неговите движења, и најважно - никогаш не губеше верба во Бога.
Тој пак, тој беше некое супер типче, главен фраер во друштвото. Но пред сè момче без мозок. Беше посегнат по најлошите пороци, но тоа му причинуваше слатко задоволство. Умееше да манипулира со многу девојчиња, знаејќи дека им е слаба страна. На изглед беше cool, во најнов тренд и секогаш бесно облечен. Но во неговото срце немаше ни трошка љубов кон некоја девојка. Тој не знаеше што е тоа љубов, и што е најважно не знаеше убаво да се однесува кон оние што знаат да љубат. Но, и како таков тој никогаш не остануваше без женска, секогаш имаше некоја или по неколку во негова близина. Знаесе дека од сите тие ”рипки” околу него најмногу го сакаше Таа, но не покажуваше никакво, ни најмало интересирање за неа, по се изгледа немаше корист од тоа. Понекогаш знаеше да ја заведе на разни начини, но другиот ден како сè да пропаднало в земја. И така Таа живееше со болката и тагата во душата, а Тој со мислата дека е нај-нај и може да прави што сака. Така живееа можеби една година, таа повеке го засакуваше, а тој се повеке ”се креваше” и не и обрнуваше внимане.
Но еден ден ”среќата се насмевна на нејзина страна”. Дали него го фати некаква криза или друго беше во прашање, убеден од своите другари се согласи да има нешто со неа. Во главата му беа врежани мислите од другар му: ”Брат, најјаката риба ќе стори сè за тебе. Ова мора да го искористиш”. Тој така и направи. Беше ден пред да одат на екскурзија. Ја викна на клупата пред гимназијата, во дворот, да прават муабет. Таа само тоа го чекаше. Срцето и чукаше пресилно од возбуда. Знаеше што треба да му рече, но знаесе и што треба и до колку треба да очекува од него, кој беше толку смирен и ”извежбан” за оваа ситуација. Се најдоа и се излезе како што беше планирано. Тој и реце:” Утре нема да одиме на екскурзијата, ќе се чекаме овде и заедно ќе одиме некаде каде што сигурно ќе бидеме сами, договорено мала?” ”Договорено”. - тивко возврати Таа. Се разделија и Тој замина со насмевка, а Таа со возбуда од неговото однесување. Им раскажа сè на другарките, кои се обидуваа да ја вразумат што да прави, а што не, зошто ја знаеа и се грижеа за неа. Но таа само им велесе: ” Не гризете се за мене, после ова ќе бидам во ред. Ви реков ќе направам сè за него, дури и по цена на животот”. Така дојде и тој есенски, доцен ден. Сите заминаа со професорите, а тој ја фати за рака и и реце:” Да одиме мала”. Ја однесе на некое мрачно - романтично, ново место за неа, но веке добро познато за него. Таа се згрози од глетката, наоколу расфрлани шприцови, шишиња и цигари, ја лазеа морници, но љубовта кон него ја терасе да заборави сè. Тој застана под едено дрво, ја фати за двете раце, го фпери неговиот поглед во нејзиниот и само и рече: ”Сигурна ли си дека го сакаш ова?” Го доби очекуваниот одговор: ”Сигурна сум, реков и си стојам зад зборот, за тебе сè.” Тогаш ја стави неговата рака, околу нејзиниот врат и страсно ја повлече кон себе. Нивните усни се споија. Таа тогаш го почувствува неговиот врел бакнеж, го доби она што го сакаше без да знае како ќе го плати. Потоа почна да ги чувствува неговите нескротливи раце како немирно шетаат насекаде по нејзиното тело, а таа сета трепересе. Кратко беше тоа, за него секојдневно, а за неа ново и слатко. Нивните усни и тела се разделија, но рацете им останаа прекрстени. Се слушна само шушкање на лисјата под нивните нозе. Следувасе ова: ”Јас го направив моето, ти беше сигурна дека сакаш, сега е ред ти да ја исполнис мојата желба”. ”Ти ветив и фала ти за ова. Беше нешто најубаво што ми се случило во животов”. Знаеше што ќе биде неговата желба, затоа целата трепереше, а во главата и се вртеа стари спомени со семејството и пријателите, сепак се осуди да го праса: ”Што сакаш да сторам?” Тој како тоа да го очекуваше, и даде знак да седнат под дрвото и од ранецот извади два шприца и некоја материја во мали сисенца. Додека тој го подготвувасе своето задоволство, на нејзиниот лик се јавуваа мали солзи и црти на чудење и страв истовремено. Имаше малку време да се присети на старите добри моменти. И куцна и тој час. Тој ги запрегна ракавите и на неговата и на нејзината рака и полека кај неа, а брзо кај него во вените ги закачи двата шприца. Во истиот момент од нејзината нежна рака капнаа три капки крв и се слушна вик од болка, а неговата рака не реагирасе на ова никако, само се слушна една воздишка од задоволство. На нејзините очи солзите не престануваа, гледаше како во магла и и се затвараа, а срцето побавно и чукаше и телото и снагата и попуштаа. Лежесе неподвижно, а во мислите и шеташе Тој. Тој стана, замина од тука, но пред тоа ја погледна во очи и држејки ја за рака и рече: ”Извини”. Изгледа тогаш и викна Брза Помош и се изгуби во далечината. Таа остана сама уште 10 минути, потоа ја однесоа со Брза Помош во болница, каде што не ја дочека операцијата. Ги затвори очите и зад себе ги остави семејството и другарите да жалат по неа. Но последните зборови и беа: ”Го сакам него и направив сè за него по цена на животот!” И почина со спокој на лицето дека го почувствувала барем на миг.